И Заев ги бодри ракометарите во Вараждин

Облечен во националниот дрес, премиерот Зоран Заев дојде во Вараждин за да ги бодри македонските ракометари на мечот против Шпанија. Во арената на северот во Хрватска има околу три илјади македонски навивачи. Македонија се бори за историски пласман во полуфиналето.