Италијанскиот клуб кој загуби со 20:0 исклучен од Серија Ц
Клубот Про Пјаченца е исклучен од третата по квалитет фудбалска лига во Италија – Серија Ц. Поради големите долгови, тимот пропушти три натпревари кои службено ги загуби со 3:0.
Во случај на четврти службен пораз, тоа автоматски значи исфрлање од лигата.
Затоа, раководството се одлучи на очаен чекор на натпреварот со Кунео. На теренот истрчаа само седум играчи, шест играчи под 19 години и еден физиотерапевт. Во второто полувреме им се придружи администратор, кој ги заборавил документите за регистрација. За капитен и тренер истовремено беше пријавен 19-годишниот Никола Сирилиано.
Пјаченца изгуби со резултат 0:20. Претходно, клубот беше казнет со 35,5 илјади евра и одземени од осум поени. Сега раководството на Серија Ц одлучи за службен пораз од 3:0, што беше четврти за Про Пјаченца и автоматско исклучување од лигата.