Ирска: Судот отвори пат за одржување референдум за абортус
Ирскиот Врховен суд денеска отвори пат за одржување на референдум за абортус планиран за крајот на месец мај, донесувајќи одлука дека неродените немаат директни уставни права и покрај правото на живот, по осмиот амандман на ирскиот Устав.
Владата во јануари предложи одржување на референдум кон крајот на мај, нудејќи им на избирачите можност за првпат, после 35 години, да одлучуваат за абортусот во таа земја, која има најстрог закон по ова прашање.
Пред да се одредат точните прашања и датата за референдум, премиерот на Ирска, Лео Варадкар изјави дека би било подобро да се почека одлуката на Врховнито суд.
Државата претходно поднесе жалба на одлуката на Високиот суд дека единствено право кое неродените го имаат е правото да бидат родени, а другите уставни права ги добиваат по раѓањето.
Членовите на ирската Влада во четврток ќе разговараат за пресудата на Врховниот суд.