Интервју на Мицкоски за „Независен“: Со Груевски немам чести контакти

„Низ процесот на мојот кариерен развој, што како професор на факултет, вклучително сега и низ политичките води, природно е да се добие еден комплетен карактер каде со својот авторитет и капацитет на носење на одлуки носам решенија кои се базираат на моја проценка за работите и низ консултација со мојот тим кој го имам. Што се однесува до Груевски, тој доаѓа во партијата користејќи одредени канцелариски простории кои се од привремен карактер, а колку што знам неговата намера е пред се да се посвети на надградба на неговото примарно поле на интерес: економската наука. Иако нашите контакти не се пречести, добро е да се знае дека може во одредени моменти да се искористи неговото искуство преку неговите видувања за работите“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Независен весник“ што ќе биде објавено во утрешното издание.

Во него, Мицкоски зборува за внатрепартиските поделби, Законот за јазици, евентуалното решавање на спорот со името, политиките што ги води СДСМ, визијата за ВМРО-ДПМНЕ…

Целосното интервју ќе го читате во утрешното издание на „Независен весник

(Г.А.)

фото:Борис Грданоски