Индијанско племе купува казино, трговски центар и хотел во Пенсилванија


Корпорацијата „Лас Вегас сендс“ го продаде своето казино во Бетлехем, во американската сојузна држава Пенсилванија, на индијанско племе од Алабама.

Продажната цена изнесува 1,3 милијарди долари.

Договорот за продажба е објавен вчера, а корпорацијата досега вложила 800 милиони долари во казиното.

Во комплексот, освен казиното, се наоѓа трговски центар и хотел со 300 соби.