Илинденски концерт на Владо Јаневски во Охрид


Поп-ѕвездата Владо Јаневски по пауза од скоро 10 години, ќе одржи голем концерт во живо во Охрид , во Антички театар, по одложениот во јуни.

Вечерта на Илинден (2 август)  од 22 часот, публиката ќе може да ги слушне апсолутно сите хитови на Јаневски, кој оваа година слави јубилеј- 25 години од неговата соло кариера.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од денес онлајн преку avalon.mk, продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и Југотон. Цените за партер се 500 денари, а на трибините-800, информира организаторот „Авалон продукција“.

Денес напладне, поп-ѕвездата во Скопје го промовира спотот за новата песна  „Главен град на тагата“.