Елисејската палата троши 73 илјади евра за фризура и шминка , а фризерот зема минимална плата


Франција– Едноставната убавина на француската прва дама Брижит Макрон доаѓа по висока цена – на даночните обврзници.

Обичните граѓани плаќаат голема месечна сметка од 6.000 долари за фризура и шминка за неа и претседателот Емануел Макрон, објави „Телеграф“.

Од добро платените фризери се бара да бидат подготвени да „скокнат“ во било кое време со неговиот или нејзиниот фен и комплет за шминка „во Елисејската палата и за време на посетите“, според францускиот суд на сметки, чија годишна пресметка за фризура и шминка беше над 72.600 долари годишно.

Идентитетот на фризерот не беше објавен. „Телеграф“ истакна дека месечната плата е приближно иста како и минималната плата во Франција.
Извештајот на францускиот суд покажа дека канцеларијата на првата дама чинела околу 325.000 долари минатата година, што е помалку од предвидените 512.000 што владата ги очекуваше.
Макрон потрошил околу 30.000 долари за шминка во првите три месеци како претседател, предизвикувајќи бес во земјата, иако овој износ е малку помал од тоа што неговиот претходник трошел на секое тромесечје, објави францускиот магазин „Ле Поинт“ минатата година.
Брачниот пар Макрон привлекоа широко внимание за нивната неконвенционална врска. Брижит Макрон е 25 години постара од претседателот, а тие се сретнале кога таа била омажена учителка по драма во средното училиште каде учел претседателот.
Претседателот Доналд Трамп предизвика критики поради тоа што искоментира „ти си во многу добра форма“, кога тој првпат се запозна со Брижит Макрон за прв пат во јули 2017 година.