ИД ги повика муслиманите од целиот свет да и се придружат во Авганистан
Џихадистичката група Исламска држава (ИД) упати повик до муслиманките од целиот свет да им се придружат на нејзините борци во авганистанските провниции Џаузџан и Нангархар.
Како што јави АФП, повикот е упатен преку 25-минутно видео насловено „Светот на Алах е голем“, во кое се прикажани борци на ИД во реонот на Тора Бора.
– Повик кон Вас, муслимани од целиот свет! Емигрирајте во Авганистан! Ако не можете да емигрирате во Ирак или Сирија, дојдете во Авганистан, бидејќи ваша должност е да ги напуштите земјите на неверниците, вели во видеото еден од припадниците на ИД.
Борците во записот говорат на дари, пашту или узбечки јазик, но се пропратени со пишан превод на арапски.
Во видеото се критикуваат и талибанците, за кои се тврди дека не успеале да го натераат населението во Авганистан да прекине да прави гревови, дека му воведуваат даноци и дека имаат свои лаборатории за хероин.
ИД првпат се појави во Авганистан на почетокот на 2015 година, прво во источните провинции Нангархар и Кунар, но од минатото лето нејзини борци почнаа да дејствуваат и во северните делови на земјата, пред се во провинцијата Џаузџан.
Досега се регистирани само неколку случаи на соработка меѓу ИД и талибанците, како што беше при нападот врз шиитите во провинцијата Сари Пул во 2017 година.
Безбедносни експерти сметаат дека во основа постои ривалство меѓу двете групи и дека ИД се обидува да регрутира свои борци меѓу припадниците на талибанците.
Аналитичарот на Меѓународната кризна група, Борхан Осман, наведува дека авганистанскиот огранок на ИД досега не упатувал никакви пораки до муслиманите надвор од Авганистан и дека ова е прв таков регистриран случај.
Познато е дека меѓу борците на ИД во Авганистан, покрај Авганистанци има и голем број странци, пред се од Пакистан и од земјите од Централна Азија, но исто така и Чеченци, Арапи и француски државјан