Иван Николов: „Кога бев во МВР да го пријавам Заев го сретнав случајно Чавков“

Сведокот Иван Николов (70), кој се јавува и како оштетен во случајот „Поткуп“, за само два часа, даде две сосема спротиствени видувања за конкретниот настан. Николов, по поставени прашања од застапникот на обвинението, прво тврдеше дека актуелниот премиер Зоран Заев, во својство на градоначалник на општина Струмица, му барал пари, а потоа тврдеше дека за да биде обвинет неговгиот сограѓнин тој активно соработувал со јавниот обвнител Владимир Милошевски, со лица од Министесрството за внатрешни работи кои ја инсталирале камерата во неговото палто, но и тоа дека во МВР се сретнал со поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, а потоа и министер за внатрешни работи, Митко Чавков.

Денешното судско рочиште почна со укажување на судот дека Обвинителството приговорило на веќе донесеното решение за прегледување на целата видео снимка која беше обезбедена со примена на посебни истражни мерки, но се најде на канлот Ју тјуб, а потоа и на телевизија Сител. И покрај тоа што гледањето на снимката ќе се одлага, пред судечкиот совет, со кој претседава судијата Дарко Тодоровски, се појави сведокот Иван Николов, кој, пак, го обвини тогашниот градоначалник на Струмица дека му побарал 300.000 евра, а дека Заев, за возврат, требало да му помогне во приватизацијата на пет парцели државно градежно земјиште.

Целиот текст на правосудство.мк.