Ивана Мундиќ е мис Хрватска 2018


Хрватска– Ивана Мундиќ Дујмини стана новата Мис на Хрватска. 17-годишната убавица од Сплит се истакна над останатите 15 учеснички и ја освои посакуваната титула.

Годинешниот избор се одржа во градот Чаковец. За прва придружничка беше избрана Анамарија Станчевиќ, додека титулата втора придружничка ѝ беше доделена на Тина Бачиќ. Луција Дамјановиќ стана Мис фотогеничност.

Ивана ќе ја претставува Хрватска на Мис на светот во Кина на 8 декември.