„Златна рамка“ за Петар Мирчевски, Жаклина Крстевска и Петар Богоевски
Друштвото на филмски работници (ДФРМ) денеска ги соопшти добитниците на наградата „Златна рамка“ за филмски актер, филмски автор и филмски работник за 2019 година. Наградени се актерот Петар Мирчевски, Жаклина Крстевска – филмски костимограф и Петар Богоевски – легендарен филмски работник, осветлител. Церемонијата на доделување награди ќе се одржи утревечер во Клуб ресторанот на Младинскиот културен центар (МКЦ).
Претседателот на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) Игор Иванов – Изи изјави дека наградите ги добиваат луѓе кои дале особен придонес во македонскиот филм.
На свеченото Собрание на ДФРМ во МКЦ, кино „Фросина“, за почесен член беше избран Благоја Куновски – Доре. Иванов дека денеска ќе примат нови 22 члена, од кои најголем дел млади, но има и постари, како што е Мони Дамевски. Во јавноста, како што рече,тој е познат како актер, но ние го примаме како продуцент бидејќи тој меѓу другото е и филмски продуцент. Ќе го примат и Братислав Зафировски, легендарен тон мајстор….
Тој појасни дека „Златна рамка“ е манифестација во организација на ДФРМ што се занимава со македонскиот филм и презентација на годишната македонска продукција финансирана од Агенцијата за филм. Потсети и на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“, кој е интернационален.
– Ова е национален и тука имаме намера да го прикажуваме за нашата публика националниот филм и на тој начин да направиме еден вид отчет пред јавноста, рече Иванов.
Тој изјави дека ДФРМ веќе работат и ќе се трудат да направат регистар на продуценти и да посочат кои се тие што ги препознаваат и признаваат како веродостојни, професионални продуценти. Соопшти дека ДФРМ продолжува со своите активности, во синдикалното помагање на своите членови и подобрување на состојбата во фелата, зголемување на средствата за филм во Агенцијата за филм. Работат на публикација која, како што рече, ќе биде еден вид речник, мал прирачник за секој филмски работник, со неговите права, законски обврски, објаснуавња на секоја позиција во филмското производство. Имаат идеја во иднина да форираат Младински филмски центар, да ги запознаат и младите автори со активностите на ДФРМ.
Иванов информира дека имааат работна група во соработка со Агенцијата за филм и Министерството за култура, што е под нивна закрила, која изготвила измени и доплнувања на Законот за филм и ќе учествуваат во изготвување на новиот закон за аудио и визуелна дејност.
Директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија во својот отчет за сработено и истакна дека се залага и ќе се залага е филмот да биде надвор од политика.
Оваа година во делот на филмски работник постхумно му беше доделена награда на Томе Мољац. Наградата ја додели Тозија, а ја прими член од неговото семејство.