„Златна петорка“ – најдобар странски филм на фестивалот во Кардиф
По повод наградата, режисерот Тренчовски им ја честиташе на целата екипа во филмот. – Честитки до цела екипа, со надеж дека по толку фестивали, награди и неправди, конечно ќе го започнеме нашиот нов проект, кој верувам ќе биде и подобар и поуспешен, истакна Тренчовски.
Филмот „Златна петорка“ досега го виделе над 80.000 гледачи во Македонија и надвор, а во земјава беше најгледан и најнаградуван филм изминатата сезона (2016/2017). Прикажуван е на дваесетина меѓународни фестивали и има добиено десетина награди.