Златко Јовановски: Шик во ателје и во публика
Дизајнерот Златко Јовановски (23) со своето модно студио во центарот на Скопје веќе е на мапата на славната и богата клиентела од Македонија и од регионот , со своите деликатни, сексапилни и драматични венчаници и вечерни тоалети.
И личниот стил на Зоран е екцентричен, различен и несекојдневен. Со својата појава, модниот избор и и изборот на чевли, предизвикува внимание каде и да се појави.
Еден е од ретките дизајнери и фанови кои не пропуштаат ниту една сезона од Моден викенд-Скопје. Така и викендов, во хотелот „Мериот“ дојде заедно со сестра му и ни ги донесе модните трендови од светските центри: новите хит скијачки очила и панталони со златни монистри.
-Очилата ги купив во Кина, кога учествував на “Harbin Fashion Week”. Уникатните панталони со златни монистри ги дизајнирав за себе, за Модната недела во Рига. Не се многу удобни ама се интересни и предизвикуваат внимание, ни изјави Јовановски.
Претходно Златко го сврте вниманието на јавноста со уникатната, рачно везена венчаница за поп-пејачката Симона Попоска, а и српската старлета Сораја ги сака неговите сексапилни креации.
Л. Сабит Фото: Б. Грданоски