Филмски фестивал во Венеција: Ванеса Редгрејв со „Златен лав“ за животно дело


Италија– Оскаровката Ванеса Редгрејв ќе го добие престижниот „Златен лав“ за животно дело на годинашниот филмски фестивал во Венеција што ќе се одржи од 29 август до 8 септември.

Во Венеција секоја година се доделуваат две филмски награди за животно дело, една за режисер, а друга за актер или актерка. Оваа година, покрај Редгрејв, награда ќе добие и канадскиот режисер Дејвид Кроненберг.

Редгрејв шест пати беше номинирана за „Оскар“, а најпрестижната филмска награда ја доби во 1978 година за улогата во филмот „Јулија“. Исто така, ја доби и наградата „Тони“ за најдобра актерка во претставата „Најдолгото патување во ноќта“ од 2003 година.

Редгрејв изјави дека е исклучително почестена што че ја добие наградата.

Организаторот идната недела треба да ја објави програмата за годинешниот фестивал.