Златен глобус 2019: Триумф на „Боемска рапсодија“
САД- Актерката Санда Ох ја истакна растечката разноликост во Холивуд за време на водењето на 76-та годишна манифестација на Златни глобуси во Лос Анџелес.
Канадската актерка од родителите корејски – имигранти за време на доделувањето на наградите со ко-водителот Анди Самсберг, рече дека го надминала стравот и сакала да биде сведок во периодот на промени:
„Кога ќе ги погледнам присутните, гледам лица на промени“, рече актерката.
Рами Малек освои Златен глобус за најдобар актер, портретирајќи го Фреди Меркјури во биографското остварување „ Боемска рапсодија“. Овој филм освои Златен глобус и во најпрестижната категорија на вечерта.
Махершала Али освои Златен глобус за придружна улога во уште една музичка биографија „ Зелената книга“, која освои три номинации, вклучувајќи за најдобар филм, музикал или комедија.
Реџина Кинг за освои престижната статуетка за адаптација на новелата од Џејмс Балдвин „Ако улицата ‘Бил’ можеше да зборува“.
Актерот Кристијан Бејл, кој освои Златен Глобус во категоријата комендија или мјузикл, му се заблагодари на Сатан што му помогнал во неговата ролја како поранешниот потпретседател Дик Чејни.
Домаќин на манифестацијата за Златните глобуси беше Асоцијацијата на странски новинари акредитирани во Холивуд и` е показател за расположението за фаворитите за Оскарите во февруари.