Зголемен бројот на туристи за 15 отсто

За 15 отсто е зголемен бројот на туристи во периодот јануари – август 2018 во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемен е и  бројот на ноќевањата, за 16,1 процент.

– Бројот на домашните туристи е зголемување за 14,5, а кај странските за 15,3 отсто, додека бројот на ноќевањата кај домашните туристи пораснал за 14,8, а кај странските за 18 проценти, информира Статистика.

Бројот на туристите во август 2018 година бил 211.746, а на ноќевањата 881.806 што е повеќе од август лани за 12,2, односно за 15 проценти.

Бројот на домашните туристи во август 2018 година во однос на август 2017 година е зголемен за 18,1 отсто, а на странските за 5,8 проценти, додека бројот на ноќевањата на домашните туристи е зголемен за 17,9, а на странските туристи за 7,6 проценти.