Звиздиќ: Нема дезинтеграција на Босна и Херцеговина


Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ изјави дека нема да дојде до дезинтеграција на Босна и Херцеговина, како ни до промена на границите на Западен Балкан.

– За оние кои како солуција предлагаа распаѓање, тоа нема да се случи. Станува збор само за недосонувани соништа кои никогаш нема да се реализираат. Нема да дојде до каква било нова дезинтеграција на Босна и Херцеговина. Процесите ќе се движат кон интеграција. Завршена е архитектурата на Западен Балкан и нема да дојде до промени на границите на Западен Балкан, нагласи Звиздиќ.

Тој посочи дека опција е членството во Европската унија, истакнувајќи дека очекува следната година да биде дефинирана многу јасна европска перспектива за Босна и Херцеговина