За Хрватска 13 нови авиолинии од Германија


Голем број авиокомпании најавија нови летови од Германија до Хрватска, пишува „Пословни дневник“.

Директорот на Хрватската туристичка заедница Кристјан Станичиќ изјави дека Хрватска на германскиот пазар е многу барана дестинација.

– Во тој контекст клучна улога имаат авиолиниите. Особено не радува најавениот распоред на летање кој кај најголемите авиопревозници подразбира воведување нови линии и зголемување на постоечките летови, рече Станичиќ.

Според него, најголем број нови директни авиолинии се најавени од Германија, вкупно 13.

– Голем број авиопревозници како што се Изиџет, Јуровингс, Рајанер, Луфтханса и Кондор најавија нови летови за Задар, Риека, Пула, Сплит и Дубровник, рече Станичиќ и додаде дека тие се однесуваат на периодот околу сезоната.