Заев ќе се сретне со Ципрас во Давос

Премиерот на Mакедонија, Зоран Заев ќе се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Давос, Швајцарија во рамките на барањето решение за долгогодишниот спор околу името.

Портпаролот на грчката влада соопшти дека средбата е договорена и ќе се одржи на маргините на Светскиот економски форум во Давос, кој почна денеска.

Средбата доаѓа по последната рунда преговори со посредство на Метју Нимиц на 17 јануари во Њујорк на која беа изложени сугестии за решавање на спорот со името.