Заев: Како Струга нема друга (Фото)

Премиерот  Зоран Заев денес присуствуваше на чествувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Струга, соопштија од Владата.

Заев се прошета низ струшката чаршија во придружба на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

-Како градоначалник пред се на Струмица, но и како политичар во нашата цела Македонија, ја имам денеска честа прв пат за Водици да бидам во Струга. Оваа прекрасна гледка која ме плени со погледот на Охридското Езеро, овде е незаменлива. Како Струга нема друга. Дефинитивно посакувам се повеќе граѓани да го посетуваат ова наше прекрасно македонско катче, за да се развие туризамот, а секако стружани покажуваат и со соживотот, и со благопријатните насмевки, и со гостопримството, дека секој е добредојден овде во Струга – изјави Заев.