Забрана за работа за болницата „Санте Плус“

Болницата „Санте Плус“ доби забрана за работа додека не ги отстрани недостатоците што ги констатирал Државниот санитарен и здравствен инспекторат, соопшти Министерството за здравство.

„На ден 23.01.2018 год. (вторник) од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат е извршен вонреден инспекциски надзор во ПЗУ Свети Лазар (Моја Болница-Санте плус), во однос на почитување на законската регулатива, при што се констатирани недостатоци, заради што од страна на ДСЗИ, записнички и со решение е дадена забрана за работа се до отстранување на констатираните недостатоци“, се вели во соопштението.

Пред неколку дена, во оваа болница почина родилка од Кичево, при ставање анестезија за породување со царски рез.

Министерството за здравство формира Комисија за да го испита случајот.