Забрана за камиони на Стража

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози и наместа со остатоци од кашест снег по коловозите.

Снег провејува на патните правци Берово – Смојмирово, Тетово – граничен премин Јажинце, Попова Шапка и на Буково, но не се задржува на коловозот. На планинскиот премин Стража има забрана за движење на тешки товарни возила.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.