Жизел Бундхен: Гладувањето не значи добар изглед

Убавите црти на лицето, идеално обликувано тело, долгите нозе, безброј насловни страни на светските магазини и врв на најплатени модели зборуваат само едно – Жизел Бундхен. Триесет и седумгодишната манекенка е синоним за совршена фигура. Со години ги поставува стандардите на добар и квалитетен изглед. Таа е и од оние модели кои не се премногу слаби, туку изгледаат здраво и нахрането. Со нејзината појава на модните писти им остава навистина тешка работна задача на своите колешки. Таа и покрај две бремености не ја губи формата на телото и не ја напушта листата на најубави жени.

Нејзината заработка се проценува на 40 милиони евра годишно, а неколку пати беше во листата на „Форбс“ меѓу најмоќните жени во светот и на листата за жени кои најмногу заработуваат во шоубизнисот.

Убавиот „ангел“ не консумира шеќер, не пие алкохол, а месо внесува на секои 15 дена. Се занимава со боречки вештини и секојдневно има многу физички активности. Пробала речиси се, од кошарка и сурфање, преку одбојка и јога до боксување. Љубителка е на боречките вештини, а кунг фу тренирала и во текот на двете бремености се до две недели пред порордувањето. Јога практикува до три пати неделно.

Строга е и доследна, има прецизно одреден режим на исхрана и никогаш не попушта пред правилата.

„Што и да јадете, мора да го потрошите. Не се плашам од вредна работа, ако крајниот резултат се исплати. Само сакам да бидам најдобра и се трудам колку што можам. Гладувањето не значи добар изглед, туку добро хранење и вежбање е она што ве одржува во форма“, вели убавата бринета.
Во менито на славната манекенка доминира зелената боја, како зелки, краставици, брокули, грашок, спанаќ и слично. Таа напоменува дека не може без супа, салата и миксови од овошје и зеленчук. Особено во оброците обожава да додава по малку рендан ѓумбир. Во текот на денот пие многу вода, а денот започнува со чаша лимонада која ги топи маснотиите. Клучот на нејзината виткост е во отсуство на маснотиите, консумирањето на многу течности и исхрана без токсини.

Фокусот во исхраната е во протеините што ги консумира од месото како риба, пилешко и многу малку млечни масти.