Еуроактив: ВМРО-ДПМНЕ и Русија го блокираат решението за името

Еуроактив: ВМРО-ДПМНЕ со помош од Русија, се обидува да го попречи решавањето на спорот за името

Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ охрабрувана од Русија, се обидува да го попречи решавањето на спорот со Грција за името што го блокираше напредокот на Република Македонија  во пристапувањето во НАТО и во европска Унија, пишува Еуроактив. Порталот коментира дека изјавата на македонскиот преговарач Васко Наумовски по средбата што ја имасе вчера медијаторот Нимиц со преставниците на Македонија и Грција во Њујорк , брзо го засени позитивниот импулс што постоеше порано.

Еуроактив пишува дека Наумовски беше назначен од актуелниот претседател на државата Ѓорге Иванов, кој е сојузник на претходната влада предводена од националистичката централнодесничарска ВМРО-ДПМНЕ, членка на Европската народна партија (ЕПП).