Ердоган телефонски разговарал со Путин за Сирија


Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска телефонски разговараше се рускиот претседател Владимир Путин, јави турската агенција Анадолија.

Според информации од извори блиски до турскиот претседател, Ердоган и Путин размениле мислења околу последните случувања во Сирија.

Тој истакнал дека двајцата лидери се согласиле да бидат во близок контакт во врска со Сирија.