Ердоган бара НАТО да ги поддржи во операцијата во Сирија
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска го обвини НАТО бидејќи, како што вели, не ја поддржува турската воена операција „Маслиново гранче“ насочена против сириските курдски борци во северна Сирија.
– НАТО каде си?, праша Ердоган, обраќајќи се пред своите поддржувачи. Притоа тој ја обвини Алијансата за двојни стандарди.
Ердоган, исто така, посочи дека Турција ја испрати својата војска во конфликтни зони кога беше побарано да го стори тоа, но за возврат не добива поддршка.
Турскиот претседател го повика НАТО да ја поддржи неговата земја, истакнувајќи дека „нејзините граници во моментот се изложени на закана”.
Турција на 20 јануари ја започна воената операција „Маслиново гранче“ во реонот на сибирскиот град Африн, насочена против сириските Народна сила и Партија за демократски сојуз, кои Анкара ги смета за терористички организации поврзани со нелегалната Курдистанска работничка партија.