„Ербас“ го прекинува производството на најголемиот авион во светот

Компанијата „Ербас“ ќе го прекине производството на моделот А380, со што ќе го повлече од пазарот својот легендарен суперџамбо-џет.

Европскиот производител на авиони се одлучи на тој потег откако авионската компанија „Емирати“ од Дубаи значително ги намали порачките за тој тип авиони.

Оваа одлука е поттик за ривал „Боинг“ и голем одар за „Ербас“.

Европскиот производител на авиони се надеваше дека А380 ќе изврши притисок на „боинг 747“ и ќе го рационализира патувањето со авион за повеќе луѓе да користат авионски превоз.

А 380, најголемиот светски авион, тргна на својот прв лет пред 14 години.

Авионската компанија „Ербас“ досега испорача 234 суберџамбо-авиони, а кога почна со производство на тој двокатен модел, предвидуваше дека во истиот период ќе продаде 1.200 такви авиони.

Авион со две нивоа почна да лета во 2008 година и може да прими повеќе од 500 патници. „Ербас“ во целост ќе го прекине производството на авионите А 380 во 2021 година.