ЕП поддржа влез на Бугарија и Романија во Шенген зоната


Мнозинството парламентарни групи во Европскиот парламент денеска ја поддржаа Резолуцијата со која се бараа Бугарија и Романија да станат членки на Шенген зоната.

Против, такваиот став се изјаснија само парламентарните групи на Европските реформисти и конзервативци (ЕРЦ) и Европа на слободата и директната демократија (ЕФД2).

Сите останати групи оценија дека Бугарија и Романија ги исполниле условите и оти Советот на ЕУ треба да донесе одлука тие да се присоединат кон Шенген зоната.

Според нив, Хрватска исто така треба да стане членка на зоната на Шенгенот, веднаш штом ќе биде подготвена за тоа.

Денешната дебата во Европарламентот за ова прашање беше по иницијатива на групата на Социјалистите и демократите (СД).

Според претседателот на парламентарната група на СД, Џовани Питела приемот Бугарија и Романија во Шенген зоната „е во интерес на Европа и нејзината безбедност“.