Енерџајзер со нов смартфон „Пауер Макс П600С“

Новиот од серијата смартфони што се продаваат под брендот Енерџајзер, наскоро пристигнува на европскиот пазар.

Станува збор за „Пауер Макс П600С“ со предна страна која потсетува на ЛГ В-30, но со малку подебел раб. Има 6-инчен екран, резолуција од 2.160 х 1.080 пиксели, две камери од 13 и пет мегапиксели и сензор за отпечаток на прст. Користи Медиа-Тек процесор и „Андроид Нугат“ оперативен систем.

Уредот има и шест гигабајти РАМ и 64 гигабајти внатрешна меморија, којашто може и да се прошири со помош на Микро-СД картичка.

Батеријата од 4.500 милиампер часови, овозможува разговор до 12 часа или 400 часа во стенд-бај мод.

Во Европа цената на смартфонот ќе изнесува 360 евра.