Едно лице загина при пожар во трговски центар во Москва


Едно лице загина, тројца пожарникари се повредени, а речиси 600 луѓе се евакуирани откако изби пожар во трговски центар во источниот дел од Москва.

Четирикатниот трговски центар „Персеј“ е со површина од 6.000 метри квадратни, а во него најмногу има продавници за деца и игротеки. Објектот работи од 2009 година.

Пожарот изби во момент кога трговските центри во Русија се под инспекциски надзор поради пожарот од 25 март во Кемерово, при што загинаа 64 луѓе, од кои 41 дете.