Една десеттина од лековите во сиромашните земји се фалсификат

Според Светската здравствена организација, еден од десет лекови во земји со ниски и средни примања е фалсификат! Во Африка има креативни предлози за решавање на проблемот, пишува Дојче Веле.

Од декември 2014 до август 2015 година во областа Итури во Демократска Република Конго, во центрите на невладината организација Лекари без граници со чудни симптоми се хоспитализирани 1029 лица. Според симптомите, лекарите прво се сомневале на епидемија со менингитис.

Дури по повеќенеделна интензивна истрага стана јасно: симптомите се предизвикани од плагијат-верзија на средството за смирување Дијазепам. Единаесет лица починаа, меѓу нив пет деца на возраст под пет години.

Целиот текст прочитајте го тука.