Евертон не дава 35 милиони фунти за Батшуаи
Челзи му понуди на Евертон да го купи 25-годишниот Мичи Батшуаи за 35 милиони евра, но „карамелите“ одбија да платат толкава сума.
Клубот од Ливерпул понудил 18 милиони фунти за Белгиецот плус и напаѓачот Џенк Тосун.
Сега Батшуаи е на позајмица во Валенсија. Оваа сезона играше 23 натпревари во кои постигна три гола.