Доживотен затвор за серискиот убиец од Сибир, кој уби 56 жени


Судот во источен Сибир го осуди поранешниот полицаец Микхаил Попков од Ангарска на доживотна казна затвор поради убиство на 56 жени. Тој е познат под прекарот Врколак.

Се верува дека тое е одговорен за убиството на најмалку 78 жени, а осуден е заубиствата во периодот од 1994 до 2000 година.

Попков е уапсен во 2012 година и веќе отслужува доживотна казна за убиство на 22 лица.

Со денешната пресуда, Попков стана сериски убиец со најмногу жртви во последните 100 години.

Психијатарските тестови покажаа дека тој е пресметлив.