„ДНК“ со тројна промоција во Скопје: Кој им дојде од естрадата?


Во присуство на колеги од естрадата, пријатели и роднини, дуото „ДНК“ синоќа направија тројна промоција –  нов видеозапис за темата „Дијамант“ која е со потписот на Панчо и Лазар Цветкоски, нов студиски материјал The best off и дивиди од концертот одржан минатата година во „Метрополис арена“, а по повод нивниот јубилеен роденден – 15 години ДНК.

Нивните обожаватели ќе можат да уживаат во вкупно 22 веќе слушнати композиции, меѓу кои „Авион“, „Стојам сам“, „Невозможна мисија“, „Пази се од мене“, „Таа тоа го крие“, „Полна месечина“, „Навлечен на тебе“, „Она е од Шутка“…, и „Дијамант“ како бонус-трака.

Вкупно 16 години, Андреј и Панчо заедно создаваат историја на македонската музичка сцена, . Синоќа водителката на промоцијата, Лила Стојановска, се пошегува на нивна сметка: „Пред 16 години се сретнале двајца високи, згодни и набилдани момци со многу коса, и сфатиле дека можат да прават многу убави нешта заедно“.

Средствата од продадените цедиња на самиот настан  ќе ги донираат за Ања од Штип за тешката операција на трансплатација на срце и рехабилитацијата што ја очекува.

Синоќа Ања лично им се заблагодари на сите, ветувајќи дека ќе биде тука на нивиот концерт по повод 16 години постоење на „ДНК“.