Динамо Загреб со феноменална игра успеа да го елиминира Плзен


Динамо Загреб со 3-0 го победи Плзен на „Максимир“ и  се пласираше во следното коло од Лига Европа.

Динамо, 49 години чекаше одново да заигра во осминафиналето од европските натпреварувања.

Аријан Адеми како капитен на „Модрите“повторно ги влечеше конците на средината на теренот, а задолжени за постигнување голови беа Орсиќ, Дилавер и Петковиќ.