Дизелот поевтинува, цената на бензините непроменета

Малопродажните цени на Еуродизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 0,50 денари на литар, а цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат исти, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на Еуродизеот ќе биде 57,5 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 46 денари.

Според Комисијата, се намалува и малопродажната цена на мазутот, за 0,473 денари за килограм и изнесува 27,636 денари.

Новите цени ќе се применуваат од 00:01 часот на 20.03.2018 година.