Диане Кругер стана мајка


САД– Германската актерка со холивудска кариера Диане Кругер (41) се породи. Не се откриваат датумот, полот и името на бебето.

Со своето момче, актерот Норман Редус (49),  ја крие врската далеку од очите на јавноста, ретко можат да се видат заедно и својата врска не ја коментираат.

Редус од претходната врска со манекенката Хелен Кристенсен го има синот Мингус (19).

Двојката ја потврди врската во 2017 година, осум месеци откако Кругер ја прекина десетгодишната врска со канадскиот актер Џошуа Џексон.