Деца од социјални семејства нема да плаќаат партиципација за лекување


Лицата до 18 години, чии семејства користат социјална парична помош, нема да плаќаат при користење здравствени услуги, е Информацијата што ја усвоила Владата на вчерашната седница.

Предлогот е на Министерството за труд и социјална политика и на Министерството за здравство, а на иницијатива на граѓанската организација „Лил“.

Засега нема податок колку вкупно деца ќе користат ослободување од партиципација по оваа основа.