Детален неделен хороскоп

ОВЕН

Работа: Ретроградниот Меркур во вашиот знак ќе доведе до мали несигурности – работата или ја има или ја нема и вие се чувствувате заглавено.
Љубов: Се чини сте фрлиле око на некој што смета дека не е третиран добро од ваша страна, па може да се соочите со отфрлање и осаменост – сега е важно да го коригирате односот со себе си
Здравје: Евидентно е дека ќе се соочувате со ситни тешкотии, а за кои ќе имате склоност да ги преувеличувате. Отворете здравствено осигурување и направете анализи. Време за медитација.

БИК

Работа: Планетарната ситуација ве прави да сте неодлучни кога станува збор за правење на промени на работното место. Вистината е дека ништо не останува исто – не гледајте назад!
Љубов: Имате чувство дека ја губите способноста да најдете вистинска, содржителна и трајна љубов, но престанете. Во трајните врски е крајно време да отворите тема за тоа што не чини.
Здравје: Тешко ги доживувате климатските промени, но сепак генерално сте во добра состојба. Ако е треба, побарајте ја потребната медицинска помош и верувајте во зацелувањето на телото.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Ретроградниот Јупитер укажува на тоа дека ако барате работа, сега би можеле да ја најдете. Ќе треба ги претставите своите вештини и таленти кај претпоставените.
Љубов: За сега се чини дека ја сфаќате својата врска здраво за готово, а што мора веднаш да биде сменето. Можеби ви е потребно и на двајцата да минете некое време одвоено. Ветувања.
Здравје: Со Месечината во вашиот знак заклучуваме дека сега е добар период да си земете одмор или пауза и едноставно уживате во животот. Пишувајте дневник и надградувајте го својот дух.

РАК

Работа: Ве очекува издигнување и трансформација – со ретроградниот Меркур ова поле укажува на менување на приоритетите, промени и менување на локацијата или професијата.
Љубов: Многу е веројатно дека сега имате тешкотии со саканите да најдете време еден за друг. Важно е да сфатите дека интимата ви е приоритет сега, инаку сѐ ќе се распрсне како балон.
Здравје: Неделава ќе треба да ги балансирате здравствените напори со личните и професионалните одговорности. Најдете време за одмор, релаксација и сон. Ред и дисциплина.

ЛАВ

Работа: Оваа недела ве очекува лично потврдување и задоволство поради постигнатите работи. Силен карактер и активирање на голема сила кон некој далечен план. Одговорности.
Љубов: Интимните врски треба да се развиваат добро, а особено ако саканите ве третираат како рамноправни. Доколку не е така, разговарајте за тоа што не чини и расчистете ја ситуацијата.
Здравје: Вложените напори на ова поле сега ќе ви се вратат многукратно. Не се двоумете да размислите за алтернативни начини за третирање на старите проблеми. Поволни информации.

ДЕВИЦА

Работа: Планетите покажуваат дека сте преоптоварени на ова поле – не преземајте поголеми одговорности, подобро е да завршите една или две работи добро, отколку сто лошо.
Љубов: Растргнати сте од други грижи кои го влечат вашето внимание подалеку од саканите. Сепак најдете време да ја изразите својата љубов и грижа, па така да ја здобиете довербата пак.
Здравје: Кога ќе сфатите со какви сѐ напори може да се избори телото, ќе се уверите дека вашата кондиција се подобрува веднаш. Најдете доволно време за одмор и за своите потреби.

ВАГА

Работа: Со Марс во Јарец и ретроградните Меркур и Јупитер почнувате да губите верба во себе – се јавуваат слабости во карактерот, кои водат до тиранија и злоупотреба на дадената моќ.
Љубов: Немањето на организација може да се рефлектира на ова поле – ако се сметате себе си за методична и организирана личност, може да сретнете некој кој е сосема спротивен од вас.
Здравје: Најдобро ќе биде да побарате совет од надвор за својата добросостојба, но и да го послушате истиот, наоѓајќи време за самодисциплина и утврдување на метод и нови навики.

СКОРПИЈА

Работа: Сега ги држите цврсто уздите во свои раце и може да напредувате преку храбра акција. Воспоставувате ред преку разумност и успевате да ги балансирате крајностите.
Љубов: Оваа недела би можеле да сте во искушение да форсирате и да сакате да добиете леб преку погача – на ова поле тешко! Најдобро е да комуницирате и да поставите здрави граници.
Здравје: Вашата виталност е сѐ уште силна и имате време за многу работи. Ова ќе е прекрасен период за поставување на фитнес режим, бидејќи ќе напредувате повеќе од очекуваното. Сила.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Ќе внимавате со транзитот на Месечината во Близнаци да не се изгубите во морето од детали и изгубите чувство за пошироката слика. Не ги повторувајте истите грешки.
Љубов: Истиот транзит на Месечината укажува на тоа дека и двајцата сте неволни да ги правите неопходните промени за да ја унапредите својата врска сега. Размислете повторно за сето ова.
Здравје: Не туку седите и трпете, туку направете нешто да си ја подобрите општата кондиција и расположение. Секогаш има уште нешто што може да се направи – не се двоумете, барајте совет.

ЈАРЕЦ

Работа: Со Марс во вашиот знак вашата амбиција се зголемува, но ќе треба да внимавате да не предизвикате непријатни чувства кај вашите соработници и колеги. Без паника, ова е фаза.
Љубов: Оваа недела би можеле да наидете на недоразбирања со љубените, особено на домашниот фронт, каде што се чини дека не можете никако да се најдете и да се договорите.
Здравје: Сега ќе е добро да не се инатите, туку да се прашате како да им дозволите на другите да ви помогнат, а вие да им верувате при тоа. Задржете позитивен став – тоа ќе е многу важно.

ВОДОЛИЈА

Работа: Ретроградните Меркур и Јупитер, како и Месечината во Близнаци, ќе ве соочат со нови понуди и консолидација на ова поле. Ќе си поставите цели и визии за во иднина.
Љубов: Во интимните врски е важно да обрнете внимание на своите идеи за еднаквост, па да ги балансирате и споделите со саканите. Ако сте сами, средба со некој кој е ви е веќе познат. Мир.
Здравје: Темата на балансот е актуелна и на ова поле неделава – вложете време и енергија да го избалансирате своето енергетско тело, а кое ќе ви го врати мирот и доброто расположение.

РИБИ

Работа: Се чини дека имате преголема загриженост и несигурност на овој план – тоа се подразбира со моменталната економска ситуација, но не гижете се толку – ќе страда работата.
Љубов: Сега го користите своето време и моќ слободно во помагањето и уживањето со другите – оставате сѐ да се движи по сопствено темпо и ги охрабрувате и другите да го направат истото.
Здравје: Промените на емотивното поле се рефлектираат врз вашето здравје и кондицијата ви се подобрува – престанете да се грижите за здравјето и да имавте стравови – зборувајте за нив!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com