Дескоска: Со мерките во образованието сме и пред барањата на синдикатите

Неспорно е дека ќе има дијалог меѓу Владата и синдикатите, но во делот за образованието мојот впечаток е дека ние со мерките што ги преземаме одиме дури и пред барањата на синдикатите, изјави министерката за образование и наука Рената Дескоска.

Како пример за мерки кои, рече, со задоволство биле прифатени од наставниците и професорите, е можноста што ја добиле за компензација на работни денови што ги работат во саботите со деновите помеѓу Нова година и Божик.

– Тоа беше прифатено од наставниците со задоволство бидејќи досега, и покрај тоа што тие реално немаа обврски, ги малтерирале да доаѓаат во училиште, да се потпишуваат и да седат. Сите мерки што ги правиме во рамките на реформите ќе дадат бенефит не само за учениците, туку и за наставниците. Мислам дека секој добронамерен учесник во дијалогот – дали се синдикати, пленуми или наставници, би биле задоволни од процесите коишто се почнати, изјави Дескоска по прес-конференцијата на која МОН ги презентираше новите наставни планови за прво одделение.

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков од денешниот протест организиран од Конфедерацијата на слободни синдикати (ККС) изрази уверување дека Владата ќе биде отворена за соработка со репрезентативните синдикати и, како што истакна, во овој момент не е доведен во прашање почетокот на второто полугодие на учебната година.

– Од министерката за образование и наука добивме ветување дека час поскоро, од понеделник, ќе седнеме и отворено ќе разговараме за сите проблеми кои ги имаме во дејноста образование, така што одлуката за да не започне второто полугодие треба да ја донесе орган, а во овој момент нема потреба за тоа, изјави денеска Неделков.

СОНК се придружи на денешниот пртотест на ККС од каде бараат усогласување на платите со зголемувањето на минималната плата, исплата на К-15 во јавниот сектор и почитување на колективните договори