(Фото) Две години од протестите на „Шарена револуција”
Шарената Револуција денеска ја одбележа годишнината од почетокот на протестите против Владата на Груевски. ЦИВИЛ – Центар за слобода и Александар Кондев во паркот Жена-борец, спроти Собранието организираа мултимедијалната изложба и хепенинг „Протест(и)“.
Точно пред две години, откако беше донесена аболицијата од страна на претседателот Ѓорге Иванов, граѓаните масовно излегоа на протести, најпрво во Скопје, а потоа и во други градови. Без разлика на тоа што подоцна аболицијата беше повлечена, граѓаните не престанаа да се бунтуваат против неправдата и злосторствата на тогашната власт.
Мултимедијалниот настан е финансиран од Собрание на Град Скопје и Министерството за култура, а во организација и заедничка соработка на Александар Кондев, фотограф, со ЦИВИЛ – Центар за слобода, Кирил Михаилов, архитект, Ирена Стеријовска, режисерка и граѓанска активистка и студиото „Imagine“.