Два концерти во Битола: Каролина ќе го промовира „Извор“ дома


Поп-ѕвездата Каролина Гочева-Корубин  ќе го промовира новиот албум „Извор“ дома, по седумте во Скопје. Концертите ќе се одржат во Домот на културата на 27 и 28 март, во 20 часот.

Во првиот дел ќе бидат изведени песните од новиот албум на Каролина, додека во вториот дел од концертот ќе бидат изведени најубавите песни од проектот „Македонско девојче“.

Влезниците по цена од 500 денари ќе бидат пуштени во продажба од утре, во 09 часот, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн.

Со секоја купена влезница, следува подарок- луксузно дигипак издание од албумот „Извор“.

Албумот кој повторно го потпиша Николче Мицевски, во исто време е етно и модерен, со примеси на џез. Содржи десет песни.