Дакота Џонсон во Диор во Венеција


Италија– Актерката Дакота Џонсон пристигна на најстариот филмски фестивал Мостра за премиера на својот филм „Суспира“.

На црвениот килим во Венеција прошета во црвена тоалета на Диор и чевли на Џими Чу, искомбинирани со дијамантски обетки.

75-то издание на наjстариoт филмски фестивал ќе трае до  сабота. Претседател на жирито годинава е мексиканскиот режисер Гиљермо дел Торо.

Фестивалот беше отворен со проекција на филмот „First Man” на американскиот режисер Демијен Шазел.Фестивалот ќе биде затворен, исто така, со биографија – „Driven” за подемот и падот на американскиот автомобилски конструктор Џон Делоријан, во режија на Британецот Ник Хам.

Во главната конкуренција се вклучени 21 филм. Британската актерка Ванеса Редгрејв и канадскиот режисер Дејвид Кроненберг се добитници на  „Златен лав” за животно дело.