Гутереш предупредува за ризик од „целосна воена ескалација“ во Сирија
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди дека постои опасност од „тотална воена ескалација“ во Сирија и ги повика членовите на СБ на ОН „да дејствуваат на одговорен начин во вакви опасни околности“.
– Се поголеми тензии и неспособноста да се најде компромис за механизам за истрага се закана да се случи целосна воена ескалација, изјави тој на состанок на СБ, побаран од Русија.
– Студената војна се врати, но има една разлика – механизмите кои го регулираа ризикот од ескалација во минатото веќе ги нема, нагласи Гутереш.
Рускиот постојан претставник во ОН Василиј Небензја ги обвини САД, Франција и Велика Британија дека ги интересира само да се урне сириската влада.