Грчкото електростопанство планира инвестиции во обновливи енергенси на Балканот

Грчката националната енергетска компанија ДЕИ планира инвестиции во производство на струја од обновливи извори во Украина, Косово, Албанија, Македонија и Турција.

Според грчкиот весник „Катимерини“, разговорите за инвестирање се веќе доста напреднати со некои од овие држави.

ДЕИ планира да инвестира во ветерници и соларни капацитети, кои ќе бидат делумно финансирани од Европската банка за обнова и развој и од Светската банка.