Грчка заменичка министерка поднесе оставка поради надомест за стан


Грчкиот министер за економија, Димитрис Пападимитриу и неговата сопруга Ранија Антонопулу,  заменичка на грчкиот министер за труд, поднесоа оставка откако се дозна дека таа барала и примила надомест за изнајмување стан во Атина, и покрај податоците во годишниот извештај дека поседува половина милиона долари.

Антонопулу во изминатите две години од Владата примила помош од 23.000 евра за изнајмување стан.

Антонопулу е мажена за грчкиот министер за економија и развој Димитри Пападимитри, кој не ја коментираше јавно оставката на својата сопруга.

Нејзина оставка бараа претставници на опозициските партии тврдејќи дека е непристојно да и се даде надомест кога Грција се соочува со економска криза.

Грчката Влада наведе дека планира на членовите на Кабинетот да им го да укине плаќањето надомест за изнајмување станови.