Грчката влада го прекина фудбалското првенство по хаосот во Солун


Владата на Грција одлучи да го прекине фудбалскиот шампионат на неодредено време по скандалот во Солун кога сопственикот на ПАОК Иван Савидис на дуелот против АЕК влезе во теренот со пиштол во обид да се пресмета со судијата.

По денешната средба на грчкиот премиерот Алексис Ципрас и заменик министерот за спорт, Јоргос Василијадис е донесена одлука да се прекине шампионатот.

– Одлучивме да прекине првенството. Нема да продолжи се додека не се воспостави нова рамка со нови правила и услови, изјави Василијадис.

Претставници на Федерација на Грција и на Владата се во постојан контакт со УЕФА и сега за сега не постои можност за санкции поради мешањето на политиката во спортот.

Поради ситуацијата на стадионот Тумба, грчката полиција издаде налог за апсење на Савидис и четворица членови од неговото обезбедување.