Грците ќе може да се разведат само на нотар


Во Грција стапи на сила нов закон според кој се дозволува двојките да се разведат само кај нотар, со што не важи веќе стариот судски начин за прекин на брачната заедница.

Весникот „Та неа“ пишува дека законот стапил на сила за Божиќните празници и сега, доколку постои заедничка согласност од двојката, разводот ќе го врши нотар и нема да биде потребно да се чека со месеци во првостепениот суд.

Се наведува дека разводот ќе се врши за многу кратко време, од само неколку часа, а се дава можност двојките воопшто да не присуствуваат кај нотарот, туку треба само да ги овластат своите адвокати.

Одлуката за раскинување црковен брак, пак, треба да ја објави обвинител од првостепен суд, но по претходно нотарско заверено барање од заинтересираните лица.

Во законот се предвидува и затвор од шест месеци до една година за секоја од страните која го нарушила договорот, во кој се формулирани и условите за одгледување на малолетни деца