Грузија: Дванаесет лица загинаа во пожар во хотел
Дванаесет лица загинаа во пожар во хотелот „Леогранд“ во грузискиот град Батуми.
Огнот е изгаснат и започнала идентификација на телата. Засега е непозната причината за пожарот.
Во моментот на огнената стихија во хотелот се наоѓале 20 учеснички во натпреварот за „Мис на Грузија“, но биле евакуирани и останале неповредени.