(ВИДЕО) Груевски физички го нападна Џафери

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски  го нападна пред малку претседателот на парламентот Талат Џафери, додека тој се обидуваше да излезе од собраниската сала, откако околу неговата маса се собраа опозициските пратеници пред почетокот на расправата за Законот за јазици.

Груевски ги предводеше пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се собраа околу  говорницата. Тој истури чаша со вода кон Џафери, удираше по неговата маса и му го исклучи микрофонот. Џафери ја прекина седницата, и, со помош на обезбедувањето, ја напушти салата, со зборовите „Овој човек беше премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ“.

фото: Б.Грданоски